logo
logo
logo

САД и Британија го повлекуваат персоналот и роднините на вработените во амбасадите

Vecer | 24.01.2022

САД и Британија го повлекуваат персоналот и роднините на вработените во амбасадите

На сличен чекор се одлучи и Велика Британија кои започнаа со повлекување на дел од вработените во нивнотото официјално претставништво во Украина. За професорот Злате Димовски, ваквиот потег е логичен и се должи на влошените релации на ниво Москва- Вашингтон што според него, во секој момент може да кулминира во воен судир.

-Состојбата е влошена до граница каде што може да избие и некоја војна, зборуваме за официјален судир, судир на војски итн. Очигледно се должи на нивните сознанија за евентуален можен напад од едната или другата страан или можни зголемени тензии кои и онака постојат но веќе и во официјален судир.- Злате Димовски.

А за разлика од овие САД и Британија, Европската Унија барем засега не размислува на ваков чекор. Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел вели дека ќе побараат одговори од американските власти по што ќе се разговара дали Европа ќе се одлучи на сличен чекор.

-Секретарот Блинкен ќе ни ги објасни причините за ова соопштение, ние нема да го направиме истото бидејќи немаме специфични причини за тоа, Блинкен ќе не информира и не мислам дека треба да драматизираме. Што се однесува на преговорите, тие се уште се одвиваат и мислам дека не треба да ја оставиме Украина и да си заминеме но можеби секретарот Блинкен има повеќе информации кои ќе ги сподели со нас.- Жозеп Борел.

Во меѓувреме, земјите членки на НАТО континуирано испраќаат воена опрема и оружје во Украина, Велика Британија минатата недела испрати противтенковски фрлачи и распореди околу 30 војници кои ќе ги обучуваат украинците, а воена помош од 90 тона во вредност од 200 милиони долари пристигна и од САД. Релациите помеѓу Украина и Русија се влошија откако Москва беше обвинета дека трупа војска на границата помеѓу двете земји и дека планира инвазија, но овие обвинувања неколкупати беа демантирани од Кремљ од каде побараа јасни гаранции од НАТО дека нема да се прошируваат кон исток.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk