logo
logo
logo

САД ги запреа истражувањата за нафта и гас на Алјаска, каде што живеат поларни мечки

Vecer | 02.06.2021

САД ги запреа истражувањата за нафта и гас на Алјаска, каде што живеат поларни мечки


Владата на американскиот претседател Џо Бајден ги прекина сите активности поврзани со истражување на нафта и гас во најголемото заштитено природно подрачје на САД, Алјаска, каде што живеат поларни мечки.

Суспензијата ќе остане на сила се додека не се направи сеопфатна анализа според законот за животна средина, соопшти американското Министерство за природни ресурси и управување со земјиштето.

Откриени се правни недостатоци во доделувањето на правата за дупчење во Националниот резерварт за диви животни на Арктикот на североистокот на државата, соопшти Министерството.

Со овој потег е запрена контроверзната одлука на поранешниот претседател Доналд Трамп за доделување права за дупчење на 10 години само две недели пред да ја напушти функцијата во јануари.

Администрацијата на Трамп го отвори патот за дупчење во 2017 година со измена на законот и се соочи со значителен отпор од еколошките организации.
Природниот резерват зафаќа површина од околу 80.000 квадратни метри.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk