САД ги заострува условите за барателите на азил

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп објави заострување на условите за аплицирање за азил во САД.

Оваа одлука би значела дека мигрантите кои илегално ја преминале границата со САД немаат можност да аплицираат за азил.

Доцна синоќа беше објавено соопштение од страна на Министерството за внатрешна безбедност на САД во кое се наведува дека системот на азил паѓа под премногу неоправдани барања за азил кои го спречуваат брзото издавање на азил на оние кои навистина го заслужуваат тоа.

Влијателната Американска унија за граѓански слободи (АЦЛУ) веднаш ја критикуваше одлуката на властите, оттаму тврдат дека според американскиот закон е дозволено поединци да бараат азил, без оглед на тоа дали тие пристигнале во земјата преку граничниот премин.

AЦЛУ во својата рекација наведува дека заобиколување на овој принцип не е во согласност со законот.

Новата одредба нема да се применува ретроактивно, а како што пишуваат тамошните медиуми, се очекува американскиот претседател наскоро и да ја потпише новата одредба, и таа да стапи на сила.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари