logo
logo
logo

САД ги купуваат услугите на Старлинк за потребите на Украина

Vecer | 02.06.2023

САД ги купуваат услугите на Старлинк за потребите на Украина

„Продолжуваме да работиме со низа глобални партнери за да се осигураме дека Украина ги зајакнала сателитите и комуникациските способности“, се вели во соопштението на Пентагон.

Старлинк е сателитска интернет компанија која обезбедува супербрз пристап до Интернет во сите делови на светот, од рурални области со недоволно развиена инфраструктура до - во случајот со Украина - активни воени зони. Маск претходно вети дека Starlink ќе оперира во Украина „бесплатно“ иако нагласи дека губи пари, пишува Sky News.

Сепак, SpaceX презеде чекори претходно оваа година за да ја спречи украинската војска да користи Starlink за контрола на беспилотните летала за време на војната со Русија. Старлинк беше договорно наменет за хуманитарни цели, како што е обезбедување широкопојасен интернет за болниците, банките и семејствата погодени од руската инвазија.

„Знаеме дека војската ги користи за комуникација и тоа е во ред. Но нашата намера никогаш не беше тие да ги користат за офанзивни цели“, велат од компанијата SpaceX.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk