САД фрлиле најмногу бомби на Авганистан од 2010 наваму

Американски воени авиони во Авганистан зголемиле број на фрлени бомби до ниво невидено од 2010 година, откако претседателот Доналд Трамп објави нова стратегија во август.

Според податоци на армијата, во септември американските ВВС исфрлиле 751 бомба, речиси 50 отсто повеќе отколку во август кога таа бројка била 503. Тоа е најголем број бомби за еден месец од 2010 година кога беше „врвот" на засилувањето на американското воено присуство во Авганистан.

Во податоците не се внесени удари нанесени од американската пешадија, кои имаат хеликоптери и друга авијација во Авганистан.

Во Базата Баграм има уште шест нови воени авиони Ф-16 и дополнителен број бомбардери Б-52 кои од бази во Персискиот залив ќе напаѓаат цели во Авганистан.

Поврзани

Најнови вести

Коментари