Русија обвинува:

САД дозволуваат ИД да користи нивна база во Сирија

Русија денеска ги обвини САД дека им доволуваат на припадници на групата Исламска држава (ИД) да користат американска воена база на границата меѓу Сирија и Јордан за напади врз сириската армија

Русија денеска ги обвини САД дека им доволуваат на припадници на групата Исламска држава (ИД) да користат американска воена база на границата меѓу Сирија и Јордан за напади врз сириската армија.

Портпарол на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков изјави дека околу базата Ел Танф се распореден сириски бегалци, со што тие се користат како жив штит за да се оневозможи напад на руските сили или сириската армија.

Како што јави ТАСС, САД од своја страна тврдат дека во Ел Танф обучуваат борци на сириска група, која не е поврзана со ИД.

- Претставници на Пентагон повеќе пати посочија дека во таа база има инструктори од САД, Британија и Норвешка, кои обучуваат милитанти од Новата сириска армија, и целата база е заштитена од тактички летала и ракетни лансери. Но, Ел Танф всушност се претвори во 100 километри широка црна дупка на границата меѓу Сирија и Јордан и наместо борци на Новата сириска армија, мобилни групи на ИД оттаму извршуваат саботажи и терористички напади против сириските војници и цивили, изјави Конашенков.

Во близината на базата е бегалскиот камп Рукбан, во кој се сместени бегалци од Рака и Деир ез Зор, кои се последните поголеми сириски градови под контрола на ИД.

- Бегалците во Рубкан практично се заложници или поточно, тие се жив штит за американската база. Потсетуваме дека освен Американците, вакви заштитни бариери во Сирија користат само уште тие против кои се бориме, а тоа се терористите, додаде генералот Конашенков.

Русија обвинува дека на 28 септември, 300 припадници на ИД опремени со тернески возила ги нападнале сириските армиски постројки во близината на базата, како и на автопатот меѓу Палмира и Деир ез Зор.

Поврзани

Најнови вести

Коментари