logo
logo
logo

САД, Бугарија и Полска ПОВИКАА НИВНИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ РУСИЈА

Vecer | 28.09.2022

САД, Бугарија и Полска ПОВИКАА НИВНИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ РУСИЈА

Американската амбасада во Москва денеска ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија се додека има можности за тоа.

„Американските граѓани не треба да патуваат во Русија, а оние кои престојуваат или патуваат во Русија треба веднаш да ја напуштат земјата, додека има ограничени можности за комерцијално патување“, се вели во соопштението на американската амбасада во Москва, за кое е објавено Агенцијата Тасс.

Претходно, владите на Бугарија и Полска ги повикаа своите граѓани кои се уште се во Русија веднаш да ја напуштат таа земја.

Министерството за надворешни работи на Бугарија во вторникот во соопштение ги повика граѓаните на таа земја „да се воздржат од патување во Руската Федерација“ и ги советува бугарските државјани во Русија „да ја разгледаат можноста да ја напуштат земјата што е можно поскоро, користејќи моментално достапните транспортни средства“.

Слично соопштение даде и полското Министерство за надворешни работи, пренесоа полските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk