logo
logo
logo

САД: 15-годишник со пиштол влегол во училиште, убил тројца а ранил осум ученици

Vecer | 01.12.2021

САД: 15-годишник со пиштол влегол во училиште, убил тројца а ранил осум ученици

Американската јавност од синоќа е во шок поради инцидентот што се случи во училиште во Мичиген. 15-годишник со пиштол влегол на училишната територија и убил тројца ученици, а осум тешко ранил. Според Њујорк тајмс, ова е најкрвавото масовно пукање во училиште во САД годинава.

По пријавата за пукање, на местото набргу пристигнала полиција, која го опколила училиштето. Во меѓувреме, тинејџерот (15) убил три лица на возраст од 14, 17, 16 години.

Осум лица добија тешки телесни повреди. Две лица се оперирани и се на интензивна нега, додека шестмина повредени се во стабилна состојба.

Полицијата сѐ уште ги истражува околностите што довеле до инцидентот во училиштето, но засега се сомнева дека осомничениот дејствувал сам. Тој бил уапсен без да даде отпор, откако испукал 15 до 20 истрели.

„Сè траеше само пет минути“, изјави заменик-шерифот Мајкл Мекејб. По апсењето, осомничениот не сакал да разговара со полицијата, туку одбрал да се брани молчејќи.

„Сочувствувам со семејствата, кои минуваат низ незамислива тага поради загубата на најблиските“, рече американскиот претседател Џо Бајден.

Заменик-шерифот Мекејб го пофали училиштето и неговите вработени за подготвеноста за ваков настан и за навремената евакуација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk