Руско МНР: Убиените Руси во Сирија не се војници

Неколкумината државјани на Русија кои беа убиени во неодамнешните судири во Сирија, не се војници, изјави руското Министерство за надворешни работи.

„Се работи за граѓани на Русија кои во Сирија дошле доброволни поради други причини. Не е во надлежност на Министерството да прави проценка на легитимноста и законитоста на одлуката“, се наведува во соопштението.

Американски портали претходно денеска пренесоа дека меѓу убиените во нападот во Деир ел Зор имало припадници на руската војска.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари