„Денеска народната полиција на Луганск и руските сили ги окупираа последните стратешки коти, што ни овозможува да потврдиме дека Лисичанск е целосно опколен“, изјави портпаролот на сепаратистичките сили Андреј Марочко за новинската агенција ТАСС.

Заземањето на градот ќе им овозможи на Русите да продрат подлабоко во поширокиот источен регион Донбас, кој стана фокус на нивната офанзива откако не успеаја да го освојат Киев. Да потсетиме, Русија пред некој ден ја окупираше рафинеријата во Лисичанск. Рафинеријата се наоѓа на нешто повеќе од 15 километри од самиот град.