Руските дипломати ја напуштаат Велика Британија

Руските дипломати и нивните семејства се подготвуваат да ја напуштат Велика Британија откако бea протерани поради труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбeри.

Во тек е и отстранување  комбиња и дипломатски автомобили од амбасадата во Лондон.

Велика Британија протера 23 дипломати откако премиерката Тереза Мај изјави дека Русија е виновна за труење на Скипал и неговата ќерка.

Британската влада ќе одлучи дали да наметне и дополнителни санкции за Русија. И официјална Москва исто така возврати со протерување на британски дипломати од земјата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари