logo
logo
logo

Руски сенатор одговори ЗОШТО ПОЧНА ВОЈНАТА

Vecer | 07.07.2022

Руски сенатор одговори ЗОШТО ПОЧНА ВОЈНАТА

Одбивањето на Западот да одговори на безбедносните барања на Русија доведе до актуелниот конфликт во Украина.  Ова го напиша сенаторот Алексеј Пушков на Телеграм, коментирајќи ја изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц за подготвеноста на Германија да обезбеди безбедносни гаранции за Украина по конфликтот.

Како што истакна, Киев не треба да смета на тоа во блиска иднина.

„Пред тоа Киев мора да склучи мир. Но, најважно не се безбедносните гаранции за Украина, туку безбедносните гаранции што Западот би ги обезбедил на Русија. Одбивањето да даде такви гаранции доведе до сегашниот конфликт“, нагласи сенаторот.

Вчера Шолц одговарајќи на прашања на парламентарци во Бундестагот изјави дека Германија е подготвена да обезбеди безбедносни гаранции за Украина, а дека самата процедура ја разгледуваат земјите членки на Г7 и Украина.

На крајот на минатата година Русија објави нацрт-договор со Соединетите Американски Држави и НАТО за безбедносни гаранции.

Меѓу барањата на Москва беа САД и Алијансата да се откажат од понатамошното проширување на Северноатлантската алијанса на исток, приклучувањето на Украина и формирањето воени бази во постсоветските земји.

Покрај тоа, беше споменато и нераспоредувањето ударно оружје во близина на руските граници и повлекувањето на силите на НАТО во Источна Европа на нивните позиции од 1997 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk