Гугл:

Руски оперативци трошат илјадници долари на реклами на ЈуТјуб

Американската корпорација Гугл пронашла докази дека руски оперативци трошат десетици илјади долари на реклами на ЈуТјуб, на мејл сервисите на Гугл и пребарувачот како и на други платформи на интернет

Американската корпорација Гугл пронашла докази дека руски оперативци трошат десетици илјади долари на реклами на ЈуТјуб, на мејл сервисите на Гугл и пребарувачот како и на други платформи на интернет, објави „Вашингтпон пост".

Истрагата на Гугл е се уште во рана фаза, наведува „Вашингтон пост", прицизирајќи дека компанијата е во фаза кога ги одвојуваа рекламите на тролови од оние на руските извори.

Рекламите, најверојатно, не ги уплаќа ентитет кој е поврзан со Кремљ а кој рекламите ги плаќа на Фејсбук што би можело да навести за пошироки руски напори со цел дезинформирање на интернет, тврди американскиот весник. „Вашингтон пост" наведува дека Гугл оценил дека е малку веројатно дека станува збор за ширење на руско влијание на платформите на таа корпорација, но сепак покренаа истрага за тоа.

Портпарол на Гугл денеска изјави дека почната е истрага за злоупотреба на нивни системи. И Твитер и Фејксбук соопштија дека Русија купувала реклами и дека има налози на нивни платформи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари