Русија активираше борбен авион Миг-31 за да отстрани американски воен авион над Баренцовото Море, објави новинската агенција РИА, цитирајќи извор од руската армија.

Руската армија објави дека американскиот патролен авион е идентификуван како П-8А Посејдон и дека рускиот авион се вратил во базата, кратко време откако авионот на САД направил вртење од 180 степени и се оддалечил од руската граница, објави „Ројтерс“.

Во последниве недели имаше чести наводи за средби меѓу руски авиони и американски авиони.

Баренцовото Море е дел од Арктичкиот Океан и се наоѓа помеѓу Норвешка и Русија.

makfax.com.mk