Руската војска соборила два дрона во Сирија

Руската војска денеска соопшти дека синоќа соборила два дрона на бунтовниците кај руската воена база Хмејм, во западниот дел на Сирија.

„Вчера околу 20 часот по локално време, системите на руската против-воздушна одбрана открија и уништија два дрона на бунтовниците, на десет километри од аеродромот во Хмејм“ рекол во Москав началникот на Генералштабот Сергеј Рудској.

Русија во Сирија има две бази со ПВО системи, поморската база Тартус, недалеку од границата со Либан и Хмејм, северно од Латакија.

Хмејм ја штитат батериите од системот С-400 и мобилните ПВО системи „панцир“ и „тор М1“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари