logo
logo
logo

Руската вакцина „ковивак“ штити од коронавирусот две до три години

Vecer | 22.02.2021

Руската вакцина „ковивак“ штити од коронавирусот две до три години


Повторна вакцинација со препаратот против коронавирусот „ковивак“ може да се изврши за две до три години, рече главниот лекар на медицинскиот центар „Лидер на медицината“, Евгениј Тимаков.

Според Тимаков, најефикасна опција за заштита од коронавирусот е употребата на разни вакцини.

„Во моментот на силно изразен контакт со коронавирусот, силна епидемија, ќе се вакцинираме со вакцината „спутник В“. По некое време, една-две години, кога вакцината е се уште активна и потоа продолжуваме да се вакцинираме со други вакцини, вклучувајќи ја и вакцината „ковивак“, рече инфектологот.

Тимаков додаде дека „ковивак“ е направен врз основа на проверена платформа што се користела повеќе пати при правење други вакцини.

„Бидејќи оваа вакцина е направена од целиот вирус, во принцип, може да се земат сите мутации на вирусот кои се сериозни, да се одгледа вирусот и да се започне со производство на нова вакцина во истите фабрики – рече тој.

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, на 20 февруари објави дека е регистрирана третата вакцина против коронавирусот – „ковивак“.

Претходно, директорот на институтот „Чумаков“, Ајдар Ишмухаметов, објави дека имаат технологија и искуство што овозможува вакцината против сите видови на Ковид-19 да се направи без проблем.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk