logo
logo
logo

Руската вакцина има еден голем недостаток? 

Vecer | 15.02.2021

Руската вакцина има еден голем недостаток? 

Руската вакцина „спутник В“ има еден голем недостаток, тврди Лука Чичин Шаин, вирусен имунолог во Центарот за истражување на заразни болести во Брауншвајг во Германија.

Зборувајќи за руската вакцина, Чичин Шаин рече дека експертите сè уште се вознемирени бидејќи резултатите од клиничките истражувања не се достапни.

„Транспарентноста сè уште не е добра за да знаеме како тоа се одвиваше. Тие тврдат дека има малку несакани ефекти, што е изненадувачки затоа што може да се очекува дека тоа било како со ‘Астразенека’“, рече Чичин Шаин.

„Има една предност, тие користат комбинација од два аденовируси, тоа се формулации што се користат во ‘Џонсон и Џонсон’ и некои кинески вакцини. Кога ќе ги комбинирате и двата, кога ќе дадете втора доза, ќе го зајакнете имунолошкиот одговор што е насочен кон она што се преклопува кај овие две вакцини, т.е. тој „шилест протеин“ од коронавирусот, а потоа вакцината е многу посилна, вели тој.

Според него, најголемиот недостаток на руската вакцина е што и кај двата аденовируси 25 и 26 се хумани аденовируси, што може да предизвика сериозни проблеми кај луѓето кои се имунокомпромитирани. Кај нив аденовирусната инфекција може да биде смртоносна. Тоа е вакцина која носи уште поголем ризик, но веројатно нема да претставува проблем за здрава личност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk