logo
logo
logo

Руска разузнавачка служба: Вашингтон подготвува кампања за дискредитација на Зеленски

Vecer | 13.08.2024

Руска разузнавачка служба: Вашингтон подготвува кампања за дискредитација на Зеленски

Во соопштението се наведува дека САД истражуваат опции за замена на Зеленски со личност која е полесна за управување и помалку корумпирана, пренесуваат руските медиуми.

-Според информациите на Надворешната разузнавачка служба на Русија, незадоволството од Зеленски расте кај американската елита, а оние кои изразуваат сомнеж за „намерното трошење милијарди долари за воена помош“ за Киев се сè погласни, а и во Демократската и во Републиканската партија, се погласни се оние кои изразуваат сомнеж за „намерното трошење милијарди долари за воена помош“ за Киев. Зеленски презема глупави чекори кои се закануваат да ескалираат многу подалеку од границите на Украина, истакнува Руската служба за надворешно разузнавање.

Се додава дека затоа американската администрација бара негова замена која би им одговарала на повеќето западни сојузници.

Според руските разузнавачи, поранешниот министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков се смета за најсоодветен кандидат поради неговите блиски врски со украинските националистички формации и контактите со лидерите на европските земји.

-Белата куќа смета дека тоа ќе му овозможи на Западот подобро да се подготви за евентуалниот почеток на преговорите со Русија за решавање на украинскиот конфликт, се наведува во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk