logo
logo
logo

Русија започна воена вежба на Крим, учествуваат повеќе од 10.000 војници

Vecer | 22.04.2021

Русија започна воена вежба на Крим, учествуваат повеќе од 10.000 војници


Русија денеска започна големи воени вежби на Крим под личен надзор на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Руското Министерство за одбрана објави дека Шојгу со хеликоптер прелетал над областа каде што се распоредени војници и воена опрема и дека ја проверил подготвеноста на поморските и копнените сили.

Повеќе од 10.000 војници и над 40 воени бродови ќе учествуваат во воените вежби, објави руската новинска агенција „Интерфакс“.

„За време на активната фаза, трупите вежбаат ланирање и одбивање ракети и воздушни напади, користејќи беспилотни летала и крстосувачки ракети, а исто така ги користат и капацитетите за противвоздушна одбрана на бродовите“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Официјален Кремљ денеска објави дека претседателот Владимир Путин е запознаен со поканата од украинскиот претседател Владимир Зеленски да се состанат и да разговараат за кризата на украинската граница.

„Ако претседателот смета дека е потребно, тој сам ќе одговори. Сега немам што повеќе да кажам за тоа“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk