Битка за податоците

Русија се закани дека ќе го блокира фејсбук

Директорот на руската Сојузна агенција за надзор над комуникациите и медиумите Александар Жаров најави дека агенцијата може да го блокира пристапот до социјалната мрежа фејсбук во 2018 година

Директорот на руската Сојузна агенција за надзор над комуникациите и медиумите Александар Жаров најави дека агенцијата може да го блокира пристапот до социјалната мрежа фејсбук во 2018 година, доколку Фејсбук не се согласи да ги складира своите податоци локално во Русија.

- Ќе го принудиме Фејсбук да работи во согласност со законот за лични податоци, изјави Жаров.

Жаров додаде дека руската Влада разбира дека Фејсбук е уникатен вид на сервис, но дека Русија не може да прави исклучоци и дека сите компании мора да ги почитуваат руските закони.

Поврзани

Најнови вести

Коментари