logo
logo
logo

Русија само во октовмри кон Украина лансирала над 2.000 дронови

Vecer | 01.11.2024

Русија само во октовмри кон Украина лансирала над 2.000 дронови

Москва врши редовни воздушни напади врз украинските градови и населби, а главниот град Киев бил нападнат 20 пати само во октомври, според градските власти.

Украинскиот Генералштаб во соопштение соопшти дека пресретнале 1.185 од 2.023 беспилотни летала, лансирани минатиот месец и дека уште 738 се водат за исчезнати.

„Вкупно, од почетокот на 2024 година, непријателот лансирал 6.987 нападни беспилотни летала на територијата на Украина. Непријателските беспилотни летала главно се насочени кон цивилна и критична инфраструктура“, се вели во соопштението.

Украина денеска соопшти дека уништиле 31 беспилотно летало и еден проектил во последниот руски напад во текот на ноќта, кој оштетил станбени згради во најмалку два региони и пожарна станица во јужниот регион Одеса.

Русија тврди дека не гаѓале цивили и дека енергетските капацитети се легитимни цели кога се дел од воената инфраструктура на Украина.

Украина се подготвува за уште една сезона на затемнување поради заканата од нови руски напади врз енергетскиот систем на земјата, кој веќе беше ослабен со серија удари на почетокот на оваа година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk