Американското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје.

САД се огласија откако Москва најави распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

„Ги видовме извештаите за најавата на Русија и ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација. Не забележавме никаква причина да ја прилагодиме нашата сопствена стратешка нуклеарна положба, ниту пак некакви индикации дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје“, соопшти американското Министерство за одбрана во писмено соопштение, пренесува Ројтерс.

Пентагон објави и дека Вашингтон „останува посветен на колективната одбрана на НАТО алијансата“.

Претседателот Владимир Путин денеска соопшти дека Русија постигнала договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, но дека нема да ги прекрши СТАРТ договорите за неширење.

Путин распоредува нуклеарно оружје во Белорусија