Русија може да ги размени украинските морнари за свои граѓани во Украина

Русија би можела до крајот на годината да ги предаде 24 украински морнари, кои ги зароби кај брегот на Крим, како дел од договор за размена на затвореници со Украина, објави рускиот весник „Известија“, повикувајќи се на високо позиционирани руски дипломатски извори.

САД и Европската унија ја повикаа Москва да ги ослободи морнарите кои се задржани во притвор откако во ноември беа запленети три украински бродови со образложение дека тие навлегле во руски територијални води.

Според неименуван дипломатски извор, на морнарите ќе им се суди во Русија пред да се постигне било каков договор за размена.

Истиот извор рекол дека во Украина има многу Руси кои се држат во притвор, а кои би можеле да бидат предмет на размена.

Агенцијата „Ројтерс“ информира дека датумот за судењето на морнарите не е утврден.

Украинските морнари, кои се во притвор, рекоа дека се воени затвореници, но овој статус беше оспорен од Москва.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари