logo
logo
logo

Русија и Украина си разменија по 50 заробеници

Vecer | 25.11.2022

Русија и Украина си разменија по 50 заробеници

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина ослободила 50 руски војници кои биле заробени.

Андриј Јермак, шефот на администрацијата на украинскиот претседател, на Телеграм објави дека Украина примила 48 војници и двајца офицери, меѓу кои маринци, пешадија, граничари и припадници на територијалната одбрана.

Денис Пушилин, шефот на делот од украинскиот регион Доњецк контролиран од Русија, поддржан од Москва, претходно изјавил дека е во тек размена на затвореници со Киев, во која учествуваат по 50 затвореници од секоја страна. Од почетокот на конфликтот во Украина во февруари, Киев и Москва си размениле повеќе од 1.000 воени заробеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk