Русија ги отфрли американските тврдења дека си поигрува со меѓународната забрана за хемиско оружје

Русија ги отфрли американските тврдења дека си поигрува со меѓународната забрана за хемиско оружје.

Министерството за индустрија и трговија на Русија, што го надгледува неутрализирањето на хемиското оружје од добата на Советскиот сојуз, рече дека се работи за уцени и незаконски притисок од страна на Вашингтон.

Се наведува дека Русија лани завршила со уништувањето на хемиското оружје.

Американскиот Стејт департмент оваа седмица соопшти дека Русија не го испочитувала рокот од 90 дена да дејствува во согласност со законите од САД за спречување на користењето на хемиското оружје.

Поради тоа Стејт департментот најави консултации со американскиот Конгрес за новите санкции против Москва.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари