logo
logo
logo

Русија до ОН: Ќе помогнеме во спречување на глобалната криза со храна

Vecer | 30.06.2022

Русија до ОН: Ќе помогнеме во спречување на глобалната криза со храна

Ветувањата за руска соработка ги даде рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на разговорите со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, се вели во соопштението на Министерството на Лавров.

Сепак, во соопштението не се најавуваат никакви конкретни потези, а се повторуваат обвинувањата на Русија дека за кризата се виновни украинските акции и западните санкции.

„Беше нагласено дека извозот на украински житарки е отежнат бидејќи Киев го минира Црното Море“, се вели во извештајот.

„Покрај тоа, подготвеноста на Русија да продолжи да ги исполнува своите обврски за извоз на храна и ѓубрива е потврдена, и покрај фактот што нивната имплементација е во голема мера комплицирана со незаконските еднострани санкции од Западот и прекините во глобалните синџири на производство и снабдување поради пандемијата на коронавирус.

Руската војна во Украина ја влоши глобалната криза со храна, која драстично ги зголеми цените на житариците, маслата за јадење, горивата и ѓубривата.“

Русија и Украина обезбедуваат речиси една третина од глобалното снабдување со пченица, додека Русија е исто така клучен глобален извозник на ѓубрива, а Украина на пченка и сончогледово масло.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, извозот на украинско жито од пристаништата во Црното Море е прекинат, а милиони тони жито останаа во силосите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk