logo
logo
logo

“РУСИЈА ДЕЛУВА ЗАСТРАШУВАЧКИ...“ пишуваат американските експерти

Vecer | 22.05.2021

“РУСИЈА ДЕЛУВА ЗАСТРАШУВАЧКИ...“ пишуваат американските експерти

Оружјето наследено од времето на Советскиот Сојуз ја направи Русија подготвена да се бори за Арктикот, пишува американската листа "Нешнел интерест". Можностите што ги има Русија во овој регион авторот на статијата ги опиша како "застрашувачки"

Како што е објавено, Москва уште во времето на Студената војна се подготвувала за доминација во регионот на Арктикот.

Добиеното искуство и разни видови на оружје за стие услови овозможија Русија да добие "застрашувачки" можности во случај нешто "непредвидено" да се случува во северниот дел на ледениот брег.

На прво место тука е моќната руска флота на мразокршачи - најголемиот во светот. Таквите бродови стануваат се повеќе потребни поради зголемувањето на комерцијалните интереси за регионот, а Русија ја прави "глобален гарант за пристап на Арктикот".

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=C7mApwe4T94[/embed]

Благодарение на ова Русија може слободно да планира воена кампања, како и стратегијата за пристап до ресурсите во регионот на Северниот пол, пишува Нешнел Интерест. За најсмртоносните алатки на Русија на Арктикот се смета  подморницата "Акула", за која американската стручна публикација тврди дека има застрашувачка моќ. Иако има слаб систем за криење подморницата е целосно опремена со огромен арсенал на современо оружје што го има на сраполагање располагање.

Покрај тоа, небото над Арктикот е контролирано од руски авиони како ловците на Миг-31 кои авторот на статијата ги позиционира како ловци на американските бомбардери.

Новинарот укажува на фактот дека овие авиони имаат одлични радари и извонредни се за маневри. Исто така, на располагање за Арктикот се и бомбардерите ТУ-95 и анти-бродските авиони ТУ-142.

Иако авионот Ту-95 спаѓа во група на најстарите руски воени летала тие се одлични за употреба на "студеното Арктичко небо". Статијата, исто така, укажува на руските специјални единици.

Тие се, како што е наведено, обучени да заземаат многу достапни области, за спроведување на разузнавачката работа, како и да помогнат во операциите за пребарување и спасување.

Во март оваа година, претседателот на Русија Владимир Путин и нареди на Владата да го заврши во најкус рок од месец дена планот за развој и контрола на Арктикот. Според неговите зборови, иднината на земјата лежи во развојот на Арктикот и на северните територии.



© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk