Русија: Ако Македонија влезе во НАТО, нема да фрламе нуклеарни бомби, но...

Во време кога односите на глобално ниво се затегнати, во опција се многу "игри" а кој ќе "профитира" ќе се види на крајот на "игри на тронови"

Постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чизов ги прокоментирал негативните последици од можниот влез на Македонија во НАТО

Според Чизов, руската страна не е против ширење на ЕУ, бидејќи секоја држава има право самостојно да носи одлуки, но понатамошно ширење на НАТО е "нешто друго".

"Ширење на НАТО е нешто сосема друго. Тоа во суштина е обид заканите и предизвиците во 21 век, да се даде отпор на работите од 20 век", објаснил Чизов.
Тој изјавил дека можното ширење на Алијансата може да има последици.

"Секако, ние нема да фрламе нуклеарни бимби... Како што реков, секоја држава има право да носи одлуки и прави свои грешки. Меѓутоа постојат грешки кои имаат последици", заклучил дипломатот.

Од друга страна американскиот државен секретар Мајк Помпео побарал од францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан да не го блокира пристапот на Македонија во НАТО и ЕУ.

Исто така и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коцијас изјавил дка Франција и Холандија веројатно ќе се спротивстават за отварање прговори за пристап на Македонија во ЕУ и отфрлање на кандидатурата на Албанија во советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел и Самитот на ЕУ следната недела.

Грчкиот министер рекол дека Германија, Данска и Луксембург изразиле сомнеж дека Македонија и Албанија недоволно нарднале за да "заслужат" отварање преговори за пристап , но дека подоцна ги повлекле своите сомневања.

Парламентот во Холандија во изминатата недела гласале против кандидатура на Албанија, но за случајот Македонија посебно се разгледува, додека германските пратеници ги подржуваат преговорите со Македонија, но под строги услови. Франција во целост ја отфрлила кандидатурата на Албанија, а смета дека влезот на Македонија во НАТО засега е "адекватна награда".

Вака како што стојат работите, и во време кога односите на глобално ниво се затегнати, во опција се многу "игри" од кои "профитот"  ќе се види на крајот од преставата наречена "игри на тронови"

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари