logo
logo
logo

РУСИ НА ТРОТИНЕТИ БЕГААТ ОД ДРЖАВАТА! На границите километарски колони, луѓето не бираат начини да се спасат од мобилизација (ВИДЕО)

Vecer | 23.09.2022

РУСИ НА ТРОТИНЕТИ БЕГААТ ОД ДРЖАВАТА! На границите километарски колони, луѓето не бираат начини да се спасат од мобилизација (ВИДЕО)

Русите масовно ја напуштаат својата татковина откако Владимир Путин најави делумна мобилизација на 300.000 војници за војната во Украина.

На снимката од граничните премини се гледаат колони од автомобили долги неколку десетици километри.

Иако Кремљ тврди дека се „пренадуени“ извештаите за егзодусот на мажи способни за војна, на бројните гранични премини со Русија се формираат колини од автомобили, а преполни се и аеродромите, иако цените на билетите во еден правец од Русија достигнуваат до 10.000 евра.

Толпи се појавија на границите на Русија со Казахстан, Монголија и Финска.

Километарски колони автомобили се формираа и на руската граница со Грузија, за што сведочат бројните видеа од граничните премини.

 

Ендрју Рот, дописникот на Гардијан од Москва, објави видео на кое се гледа дека Русите не бираат никакви средства за да ја напуштат земјата, па дури и со трицикли ја минуваат границата со Грузија, бидејќи е невозможно да се помине со автомобил поради големата гужва и сообраќајот. метеж.

Според медиумите руско-грузиската граница сега е долга 14 километри и потребни се 30 часа за да се помине.

Исто така, беше наведено дека бројот на руски државјани кои влегле во Финска во четвртокот е повеќе од двојно во споредба со претходната недела.

Според финската граничари, 4.824 Руси ја минале границата за еден ден, што е голем пораст од 3.133 што ја поминале цела недела.

Финска размислува да забрани влез за повеќето Руси бидејќи прекуграничниот сообраќај се „интензивираше“ во четвртокот.

Утрово гужвите продолжуваат, можеби малку се зголемени во однос на вчерашниот ден, изјави портпаролот на граничната служба, истакнувајќи дека редиците во моментов се долги околу половина километар.

Финските копнени гранични премини се меѓу ретките влезови во Европа за Русите, бидејќи голем број западни земји ги затворија и физичките граници и воздушниот простор за руските авиони поради нападот врз Украина.

Фото: принтскрин твитер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk