Ротшилд банките заобиколени од Блискиот исток, наместо нив Кина влегува со пакет од 20 милијарди долари...

Западните банкарски институциии (ММФ, Светска банка...) исклучени од овој проект...

Пекинг подготви пакет заем од 20 милијарди долари и околу 106 милиони долари финанасиска помош за земјите на Блискиот исток, вклучувајќи ја и Палестина, со што ќе се заобиколи ММФ и сите западни финансиски институции, пишува Ретурс.

Одлуката е објавена во Пекинг за време на состанокот на претседателот Си Џипинг и претставници од 21 арапска земја.

Финансиската помош од Кина спрема Блискиот исток е дел од планот "Нафта и плин" за оживување на економскиот развој во регионот, рекол Си.

"Треба да бидеме искрајни едни спрема други, а не да се плашиме од разликите, и да не се одбегнуваат проблемите, да се разговара за секој аспект од надворешната политика и развојна стратегија", рекол Си

Пакетот вреден 106 милиони долари ќе биде распореден за Палестина 15 милијарди долари, и 91 милион долари ќе биде распреден за Јордан, Либанон, Сирија, Јемен, рекол Си.

Кина и арапските банки исто така ќе основат фонд од 3 милијарди долари посветен на договорот, рекол.

Западните банкарски институции исклучени се од овој проект. Кина традиционално има мала улга на Блискиот исток, но од неодамна го зголемува своето влијание.

Покрај Кина која е главен купувач на нафта, арапските земји исто така играат важна улога во кинескиот проект "Belt and Road" вреден 1 билион долари , кој исто така е познат како новиот "Пат на свилата".

"Кинескиот и арапските народи иако се одалечени многу километри, блиски се како семејство" – рекол Си, потсетувајќи се на историската трговиј долж Патот на свилата.

Кина исто така ја изгради својата прва воена база во државата Џибути. Таа земја има добиено 1,3 милијарди долари помош од Пекинг, спрема истражувањето на Кинеско-Африканска иницијатива во САД.

Поврзани

Најнови вести

Коментари