По секоја цена

Ромева: Каталонскиот парламент ќе заседава в понеделник

Каталонскиот парламент ќе заседава в понеделник, изјави денеска каталонскиот секретар за надворешни работи и институционални односи Раул Ромева

Каталонскиот парламент ќе заседава в понеделник, изјави денеска каталонскиот секретар за надворешни работи и институционални односи Раул Ромева.

– Парламентот ќе одржи седница и ќе расправа. Ќе има дебата и тоа е важно, изјави Ромева за Би-Би-Си.

Тој смета дека кризата во намерата на Каталонија да прогласи независност ќе биде решена со политики, а не судски мерки.

Шпанскиот Уставен суд објави дека треба да биде суспендирана седницата на каталонскиот парламент на која се планира прогласување независност на Каталонија од Шпанија. Тоа според претседателката на парламентот на Каталонија Карме Форкадељ „наштетува на слободата на изразување и правата на иницијативи на членовите на парламентот".

– Тоа само покажува како судовите се користат за решавање политички проблеми, изјави Форкадељ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари