Романскиот премиер Флорин Кацу денеска во парламентот потврди дека вакцинацијата против коронавирусот нема да биде задолжителна.

„Постои нацрт-закон за вакцинација што веќе три години е во Собранието и нема никаква врска со тековната кампања за имунизација“, рече премиерот на прашањето за можноста населението да биде законски обврзано да се вакцинира против Ковид -19, пренесува „Аџерпрес“.

Кацу рече дека немало никаква дискусија за тоа и дека министерот за здравство, Реад Араф, веќе објавил пред него дека кампањата за вакцинација против Ковид-19 нема да биде задолжителна, наведува агенцијата.

makfax.com.mk