logo
logo
logo

Романски министер за здравство: НЕ СЕ ГЛЕДА крајот на пандемијата

Vecer | 22.10.2021

Романски министер за здравство: НЕ СЕ ГЛЕДА крајот на пандемијата

– Привремениот романски министер за здравство Чеке Атила изјави дека во моментов не се гледа крајот на пандемијата на Ковид-19 во таа земја и дека постои можност стапката на зараза да достигне 20.000 случаи на ден.

– Не е на повидок крајот на пандемијата, ниту прогноза. Слушаме секакви прогнози и мислења. Се разбира, тие се важни, но некои се реализираат, додека други не се, како што се случи со другите бранови, истакна романскиот министер за здравство.

Тој, исто така, изјави дека Романија се уште не е на врвот на пандемијата.

– Постои можност да се достигне бројката до 20.000 случаи дневно. Ова е можност што, за жал, не може да се исклучи, изјави министерот за приватната романска телевизија Б1ТВ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk