logo
logo
logo

Ројтерс: ТРАМП СЕ ВРАЌА во политиката

Vecer | 21.02.2021

Ројтерс: ТРАМП СЕ ВРАЌА во политиката

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сака да се врати на големата политичка сцена за време на состанокот со конзервативците, дознава извор запознат со неговите планови.

Републиканците размислуваат за следни чекори по победата на Џо Бајден, објави Ројтерс.

Планот на Трамп е да зборува на конференцијата за Конзервативна политичка акција (КПАК) во Орландо, на 28 февруари, на последниот ден од состанокот, изјави неименуван извор за Ројтерс.

„Тој ќе зборува за иднината на Републиканската партија и конзервативното движење. Трамп

исто така ќе се осврне на односот на Бајден кон амнестијата и граничната политика“, изјави изворот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk