Рохани: САД немаат право да му наредуваат на Техеран

САД немаат право да им наредуваат на Техеран и на светот што треба да направат, изјави иранскиот претседател, Хасан Рохани.

„Не можеме да се согласиме со тоа Америка да носи одлуки во името на независни и суверени држави“, рече Рохани.

Претходно, американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД наметнуваат најсилни санкции во историјата за Иран. Во говорот во Вашингтон највисокиот американски дипломат изјави дека Иран ќе се бори да ја одржи својата економија жива по стапувањето на сила на санкциите.

Тој рече дека ќе соработува со Пентагон и со регионалните сојузници за да се одврати од иранската агресија. Американскиот претседател, Доналд Трамп, овој месец ги повлече САД од нуклеарната спогодба на Иран во 2015 година, најавувајќи нови санкции.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари