Рохани: Подготвени сме и на акции, кои САД не можат да ги очекуваат

Иранската организација за атомска енергија е подготвена и на очекувани и на неочекувани реакции, доколку САД се повлечат од меѓународниот договор за нуклеарна програма на Иран, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

„Нашата организација за атомска енергија е во целост подготвена и за акции кои тие ги очекуваат и за оние кои не ги очекуваат“ рекол Рохани.

Како што наведува Ројтерс, коментарот на Рохани може се однсеува на заканата која ја изнесе американскиот претседател Доналд Трамп, дека следниот месец САД ќе го напуштат иранскиот нуклеарен договор.

Во тој договор, потпишан меѓу Иран и шесте светски сили – САД, Русија, Германија, Велика Британија, Франција и Кина, постигнат во 2013 година, е пропишано Иран да ја прекине својата нуклеарна програма во замена за намалување на санкциите.

Трамп во претходниот период овој договор го окарактеризира како еден од најлошите од било кога склучени договори, а во јануари им постави ултиматум на Британија, Франција и Германија, дека мораат да се согласат со поправањето на она што САД го гледаат како мана на тој договор, во спротивно ќе одбие да продолжи намалувањето на санкциите на неговата земја.

Последен рок е 12 мај, кога САД повторно во целост ќе му воведат санкции на Иран, освен ако Трамп не издаде друга извршна наредба.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари