logo
logo
logo

Родители бараат СМЕНА на директорката на училиштето бидејќи ги слуша Ајрон Мејден

Vecer | 13.10.2021

Родители бараат СМЕНА на директорката на училиштето бидејќи ги слуша Ајрон Мејден

Шерон Барнс, директорка на канадската гимназија „Eden High School во Св. Катаринс, моментално е под притисок на родителите на учениците кои на Фејсбук открија дека го слуша бендот Ајрон Мејден, и поради тоа бараат таа да добие отказ, пишува The Independent.

Незадоволните родители побараа смена на директорката бидејќи, според нив, таа отворено изразува сочувство кон сатанските симболи и окултните практики.

„Отвореното прикажување на сатанските симболи е директно спротивно на принципите на огромното мнозинство семејства што го претставуваат училиштето. И затоа бараме да се смени Шерон Барнс и на нејзино место да дојде друг директор, кој ќе ги претставува вредностите на семејството во Еден“, се наведува во петицијата потпишана од 553 лица.

Сепак, неколку студенти одлучија да застанат зад Барнс.

Досега, нивната петиција е потпишана од нешто повеќе од 22.000 луѓе.

Тие изјавија дека не ја одобруваат осудата на директорката врз основа на нејзините објави на социјалните мрежи и дека властите не смеат да го игнорираат фактот дека Барнс одлично ја работи својата работа на училиште.

„Таа вложи многу напор за да ги научи учениците дека Еден е место на различности, и покрај се, отвори соба за молитви. Ова е просторија што може да ја користат сите студенти кои практикуваат христијанство. Таа го направи училиштето побезбедно и таа е една од најдобрите и најрасположените директори во ова училиште“, напишаа учениците во петицијата.

Извор: Кликс

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk