logo
logo
logo

Роденденски МАСАКАР во САД

Vecer | 24.05.2021

Роденденски МАСАКАР во САД

Две лица се убиени, а 12 повредени во пукањето што се случи во саботата на роденденска забава во Њу Џерси - САД, објави во неделата американската полиција.

На кобната забава 35 годишен маж и 25 годишна жена беа убиени,, а меѓу ранетите кои беа пренесени во болница, едно лице е во критична состојба.

Пукањето се случило во куќа во Бриџртон, нешто пред полноќ во саботата, соопшти полицијата.

Според порталот АБЦ Њуз, повеќе од сто луѓе учествувале на забавата.

До сега нема уапсени, а полицијата продолжува со истрагата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk