logo
logo
logo

Рибари пронашле тела на мигранти кои пловеле по морето со месеци

Vecer | 08.06.2021

Рибари пронашле тела на мигранти кои пловеле по морето со месеци


Во мал брод во близина на брегот на Тринидад и Тобаго на Карибите, рибари пронашле тела на 14 мигранти, пишува италијанскиот весник „Авенире“.

Според состојбата на труповите, тие пловеле по морето со недели, ако не и со месеци.

Според реконструкцијата на полицијата, мигрантите го напуштиле брегот на Источна Африка, според СИМ-картичката на мобилниот телефон пронајден во чамецот, од Мавританија, и наместо 800 километри што ги делеле од Канарските острови, морските струи ги однеле 5.000 километри далеку од Карибите.

Во морето во моментов се трага по уште три чамци меѓу африканскиот брег и Канарските острови, чие заминување беше пријавено од членови на семејствата пред три недели, но засега нема вести за судбината на мигрантите кои биле во чамците.

Брод со 24 тела и тројца истоштени мигранти е пронајден во истата област пред еден месец.

Весникот „Авенир“, весник на Италијанската католичка црква, редовно известува за состојбата со мигрантите. Написот проценува дека само оваа година најмалку стотина луѓе го загубиле животот на мигрантската рута долж брегот на Источна Африка.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk