logo
logo
logo

Разнесен автобус во Авганистан, загинаа најмалку 11 лица

Vecer | 10.05.2021

Разнесен автобус во Авганистан, загинаа најмалку 11 лица

Разнесен е автобус во Авганистан, при што загинаа најмалку 11 лица, а десетици беа повредени, соопштија властите. Тоа е последната во низата смртоносни експлозии од почетокот на повлекувањето на странските сили.

Бомба крај патот експлодираше доцна во неделата во јужната провинција Забул, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата, Ѓул Ислам Сиал.

Повредени се 28 лица меѓу кои има жени и деца, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Никој сè уште нема преземено одговорност за нападот. Талибанските бунтовници не одговорија на барањето за коментар за нападот.

Талибанците доцна во неделата објавија дека ќе прогласат тридневен прекин на огнот за време на верскиот празник Рамазан Бајрам кој се празнува на 13 јуни.

Најавата за прекин на огнот беше објавена два дена откако во експлозиите во близина на училиште во Кабул загинаа 68 лица, претежно ученички, а 165 лица беа повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk