Размислувате да заминете во Германија, ова внимателно прочитајте го: Еве колку се платени странските работници и во кои сектори е најлошо

Работодавачите во Германија неретко ги искористуваат странските работници, кои помалку ги плаќаат, ги вработуваат без договор за работа и ги присилуваат да работат прекувремено и не им го плаќаат прекуврменото работење, предупредува германскиот институт за човекови права.

Овие странци се жртви на "немилосрдно искористување" на работа, наведува институтот во годинешниов извештај поднесен во германскиот парламент.

Работодавачите на странците, меѓу кои се Сиријци, Инанци кои простигнале во 2015, како и Романци, Бугари и Латиноамериканци, многу помалку ги плаќаат од минималниот, кој моментално е 8.40 бруто по час. Некои странци мора да работат и прекувремено, кое не им се плаќа, како и тоа дека работодавците ги смедтуваат во несоодветни услови, истакнува институтот кој разговарал со повеќемина странски работници.

Таквата ситуација е најчеста во градежниот сектор во фабрика за преработка на месо, но и во здравството, давање услуга за чистење и во угостителството.

Во извештајот се предупредува на тоа дека странците често работат без договор и не добиваат листа за плата, што им го отежнува еветнуалното подигнување тужба на суд.
Исто тка работодавачите не им ги уплатуваат придонесите.

"Во суштина тие работници немаат скоро никаква можност да се обратата до судот во врска со барања за плата", изразила жалење директорката на институтот Бета Рудолф во претставување на извештајот

Германија во 2015 примила околу милион мигранти, воглавно од Сирија. Со таа одлука Меркел била на мета на критики, но затоа пак од работодавачите добила подршка.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари