logo
logo
logo

Расте бројот на жртви во страшната железничка несреќа во Индија- над 50 загинати, 350 повредени

Vecer | 02.06.2023

Расте бројот на жртви во страшната железничка несреќа во Индија- над 50 загинати, 350 повредени

Возот „Коромандел експрес“ кој сообраќал од Калкута кон Ченај излетал од шините по судирот и влегол во спротивен правец.

- На местото на несреќата излегоа близу 50 возила на брза помош, но се чинеше дека има многу повеќе повредени. Мобилизирани се голем број автобуси за да ги пренесат повредените во болница - објави на Твитер шефот на секретаријатот на Одиша, Прадип Јена.

И премиерот на Индија Нарендра Моди на Твитер објави дека сите расположливи државни сили се на местото на несреќата и им пружаат помош на настраданите.

АП јавува дека спасувачите се обидуваат да ослободат уште 200 луѓе за кои се стравува дека ќе останат заробени во превртените вагони.

Вакви несреќи не се реткост во Индија. Два воза се судрија во август 1995 година во близина на Њу Делхи, при што загинаа 358 луѓе, што е најтешката железничка несреќа во историјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk