logo
logo
logo

Расте бројот на заболени во Непал. Дали ќе се повтори индиското сценарио?!

Vecer | 06.05.2021

Расте бројот на заболени во Непал. Дали ќе се повтори индиското сценарио?!

Случаите на „Ковид-19“ во Непал вртоглаво растат, болниците се пренатрупани, а премиерот на земјата бара помош од другите држави.

Непал сега пријавува околу 20 случаи на дневно заболување Ковид-19 на 100.000 луѓе - приближно ист број како што пријавуваше Индија пред две недели.

Минатиот викенд, 44% од Ковид тестовите на Непал беа позитивни.

„Она што се случува во Индија во моментов е застрашувачка слика на иднината која го очекува Непал, ако не можеме да го спречиме овој најнов бран на Ковид, кој одзема животи во миг“.

Се вели во соопштението на Претседателот на Црвениот крст на Непал, др. Нетра Прасад Тимсина.

Непал има кревок здравствен систем, со многу помалку лекари по глава на жител за разлика од Индија, како и помала стапка на вакцинација од нејзиниот сосед. Високата стапка на позитивнина тестови во земјата се загрижувачки и укажуваат дека не ја дават реалната слика.

Масовните јавни настани, вклучително фестивали, политички собири и свадби, овозможија ширење на вирусот, заедно со општата неодговорност на јавноста и бавните активности на владата.

Само пред еден месец оваа Хималајска земја со 31 милион жители пријавуваше околу 100 случаи на ден, а денес се повеќе од 8.600.

Кризата во Непал започна да се ескалира на почетокот на април, бидејќи премиерот на земјата К. П. Шарма Оли изнесе уште еден недокажан лек за коронавирус, дека болеста може да се лекува со гаргара со лисја од гуава.

Во текот на април, Непалците масовно се собираа на верски фестивали дома и преку границата во Индија каде непалските верници им се придружија на хиндусите кои се капеа во Ганг за Кумб Мела, еден од најголемите верски собири во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk