Бројот на луѓето кои велат дека се нерелигиозни се зголемил за 12 отсто во споредба со последниот попис, а бројот на луѓе кои се идентификуваат како муслимани е зголемен за 1,2 милиони.
Околу 46,2 отсто од населението се сметаат себеси за христијани. Имено, станува збор за 27,5 милиони луѓе наспроти 33,3 милиони во 2011 година. Пописот се спроведува на секои 10 години. Воден од Канцеларијата за национална статистика таму, се истражува како британското општество е обликувано од одговорите на луѓето на прашањата за себе, нивното домаќинство и нивниот дом.
Резултатите им помагаат на организациите да донесуваат одлуки за планирање и финансирање на јавните услуги, вклучувајќи транспорт, образование и здравствена заштита. Пописот во 2021 година се одржал на 21 март.
Резултатите покажале дека бројот на луѓе кои се опишуваат како христијани паднал за 13,1 отсто во споредба со 59,2 отсто во 2011 година. Професорката Линда Вудхед, шеф на теологија и религиозни студии на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека категоријата „нерелигиозни“ може да се однесува на низа различни верувања.
„Некои ќе бидат атеисти, многумина ќе бидат агностици, а некои ќе практикуваат некаква духовна пракса. Сепак, тие не сакаат да се поистоветуваат со одредена религија, особено не со институционална религија“, рече Вудхед.
Лондон е најразновиден во однос на религијата, а во него нешто повеќе од 25,3 отсто од луѓето не се сметаат себеси за христијани. Вкупно 81,7 отсто од населението на Англија и Велс се сметаат себеси за белци, што е намалување од 86 отсто 10 години порано.