logo
logo
logo

Растат цените на ТОАЛЕТНАТА ХАРТИЈА, се „смешка“ недостиг во светот

Vecer | 09.05.2021

Растат цените на ТОАЛЕТНАТА ХАРТИЈА, се „смешка“ недостиг во светот

Токму кога помисливме дека недостигот од тоалетна хартија заврши, целулозата, главниот материјал за правење тоалетна хартија станува сè поскапа.

„Никогаш не сме виделе таков скок на цената на месечно ниво во историјата на бизнисот“, изјави за Си-ен-ен Брајан Меклеј, аналитичар специјализиран во индустријата.

Цените на пазарната целулоза се движеа околу 606 долари по тон во септември, но се искачија на 907 во април, додаде тој.

„Комбинацијата од неколку фактори доведе до таков скок на цените, вклучително и пост-ковидно закрепнување во Кина, која е најголем купувач во светот, како и доцнења во глобалната испорака“, рече Меклеј.

Производителите купуваат целулоза на пазарот и ја користат за производство на тоалетна хартија и други производи од „хартија“. Околу 70 проценти од целулозата што ја купуваат американските производители доаѓа од Бразил, додека другите 30 проценти доаѓаат од Канада.

Целулозата е само последниот пример за недостиг на суровини што влијаат на американската економија бидејќи се опоравува од затворањето што ги наруши синџирите на снабдување и ги смени навиките на потрошувачите. Тешко е да се најде дрво, челик, компјутерски чипови, хлор, па дури и луѓе за работа.

ЦБА (Здружение на потрошувачи) во четвртокот на својот блог објави дека зголемувањето на цените на целулоза има влијание врз цените на тоалетна хартија.

Цените на тоалетна хартија се зголемија за време на пандемијата, а еден од производителите изјави дека зголемувањето на цените се должи на повисоките цени на целулозата.

Кимберли Кларк (КМБ), производителот на оваа тоалетна хартија, планира да ги зголеми цените на трговците на мало за оваа хартија, како и другите производи, за „среден до висок“ едноцифрен процент следниот месец.

Според резултатите од NielsenIQ, цените на тоалетните хартии се зголемија за 15,6 проценти во текот на 52 недели, заклучно со  1-ви мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk