Прашање на време е кога Шкотска и... ќе се отцепат!

Распадот на Велика Британија неизбежен!

Премиерка Никол Стардџон најавила референдум за независност на Шкотска да биде одржан на есен 2018 година,

Уште еден референдум за независност на Шкотска се чини дека е неизбежен, а министрите во Лондон заклучиле дека само прашање на време е кога таквото гласање ќе биде одржано, пишува "Fajnenšel tajms" повикувајќи се на неименуван британски министер.

"Неверувам дека можеме тоа да го спречиме", рекол тој министер, пренесува Ројтерс.

Лондонскиот лист наведува уште една изјава на неименувана личност запозната со разговорите кои моментално се водат во канцеларијата на британската премиерка Тереза Меј, која вели дека "само прашање е датумит кога референдумот ќе биде одржан".

Шкотската премиерка Никол Стардџон најавила во четвртокот можност за референдум за независност на Шкотска да биде одржан на есен 2018 година, со што британската премиерка е против.

 

Стардџон оценила дека би било "здраворазумно" Шкотска, која на рефередумот во 2914 година реши да ја напушти Британија, повторно организира референдум за независнот и декатогаш, како што наведува, ќе има конкретна слика за договорот Брегзит.

Од друга страна, британската премиерка не смета дека би требало да се одржи втор референдум за независност на Шкотска, пренесува Ројтерс.

Но... зошто во Европа се гасат и се палат црвени сијачики од т.н. "заспани покарини"?

Според аналитичарите кои и се "задолжени" за аналзи, интересно е, но повеќе индикативно е што после Косово, во многуте покраини низ Европа како да оживеа нивното исконско самоспознавање, а идеата за отцепување и независност е само визија која го отсликува она што некогаш и биле.

На случувањата во денешно време се надоврзува и фактот што своевремено  Северна Ирска, сега   Шкотска и Каталонија... се економски и административно силни покраини, и си даваат за право да бидат независни знаејќи дека не би претставувале проблем на Европа од типот како што е Западен Балкан.

А колку сето ова во овој момент е можно и изводливо во една вакава европска консталација ќе покаже вемето како и многупати во историјата, каде што неминовно се случувале територијални редифенирања, констатираат аналитичарите

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари