Расипан бојлер предизвика паника во училиште во Северна Каролина

Дефектен бојлер кој направил силна бучава, предизвика паника во средно училиште во Северна Каролина. Првично беше објавено дека се работи за вооружен напад и дека полицијата го бара напаѓачот, но наместо вооружен напаѓач, полицијата пронашла расипан бојлер, пренесува „Раша тудеј“.

Полицијата утрото пристигна во училиштето по дојава за напад. На социјалните мрежи дури се појавија написи дека вооружен маж е качен на покривот на училиштето, но за кусо се променија, дека напаѓач воопшто не ни постои.

Во напад во ноќен клуб во Калифорнија, вчера беа убиени најмалку 12 луѓе. Вооружен напаѓач прво фрли димни бомби во клубот па почна да пука во присутните. Полицијата го пронајде и него мртов во клубот. Не запираат вооружените напади во САД, поради што демократите, кои по осум години, добија мнозинство во Претставничкиот дом, ветија посторга контрола на оружјето.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари