logo
logo
logo

Рашковски поднесе КРИВИЧНА ПРОТИВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: „Излегол надвор од своите овластувања“

Vecer | 05.12.2022

Рашковски поднесе КРИВИЧНА ПРОТИВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: „Излегол надвор од своите овластувања“

Поранешниот генерален секретар Драги Рашковски кој е обвинет во случајот „Софтвери“ преку својот правен тим информира дека поднел кривична пријава за јавен обвинител

„Со оглед дека случајот “Софтвери” во кој што сум еден од обвинетите е предмет кој е од интерес на јавноста, а поврзано со тоа дека веќе се води кривична постапка против обвинителката Русковска на исти околности, дозoвлете да ве известам Вас како медиуми, а преку вас и јавноста дека е поднесена кривична пријава против јавен обвинител затоа што:

ЗАТОА ШТО:

Пријавениот како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција со искористување на својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување издала наредба за прибирање на документација во приватна здравствена установа за спроведен медицински преглед и за здравствената состојба на оштетениот, иако знаела дека таквата наредба е надвор од нејзините овластувања како јавен обвинител во ОЈО ГОКК, при што како основ за издавање на таквата наредба злоупотребила веќе затворена истрага.

Пријавениот под закана дека ќе посегне по имотот на приватната здравствена установа, иако знаел дека нема законско овластување за таква активност ги присилил вработените да и ги достават бараните податоци.

Со тоа излегол надвор од своите овластувања и постапила спротивно на член 295 став 1 од Законот за здравствена заштита вршејќи инспекциски надзор над работата на здравствена установа, како и надвор од своите надлежности повредувајќи го членот 300 став 1 од истиот закон, вршејќи инспекциски надзор за примена на Законот за здравствена заштита, иако таа надлежност му припаѓа на државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Пријавениот прибрал чувствителни лични податоци за здравствената состојба на оштетениот, иако за истото немал законско овластување, спротивно на Законот за заштита на лични податоци и спротивно на Кривичниот законик прибавил “Посебни категории на лични податоци” кои податоци се однесуваат за здравствената состојба на оштетениот без за тоа да постои оправдана причина и без за истото да прибави посебно одобрение согласно Законот за заштита на лични податоци, исполнувајќи го битието на делото од член 149 став 1 в.в. 3 и 4 од Кривичниот законик на начин што спротивно на условите утврдени со закон без согласност на граѓанинот прибирала и обработувала лични податоци на оштетениот, злоупотребувајќи ги службените овластувања.

Со опишаните дејствија, пријавениот сторил повеќе кривични дела и тоа:

кривично дело “Присила” од член 139 став 1 в.в став 3 од КЗ, кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ,

кривично дело „Злоупотреба на лични податоци” од член 149 став 1 в.в став 3 и 4 од КЗ на РСМ, постапувајќи спротивно на член 295 став 1 и член 300 став 1 од Законот за здравствена заштита како и спротивно на член 84 став 1 т.1 од Законот за заштита на лични подаотци.

Со тоа пријавениот нанел штета врз Буџетот на Република Северна Македонија, користејќи и трошејќи државни средства за активности за кои не е овластена по закон да ги врши, а за кои и нема основ да постапува, како и штета врз оштетениот со повреда на неговите права гарантирани со закон.

Пријавениот бил целосно свесен и стручен од позиција на јавен обвинител дека таквите дејствија се санкционирани од Кривичниот законик.“, се наведува во соопштението

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk