logo
logo
logo

РАМА ЈА “ЗГРАПЧИЛ“ ЏОРЏА МЕЛОНИ Италијанската премиерка во шок, Албанците бесни (ВИДЕО)

Vecer | 06.06.2023

РАМА ЈА “ЗГРАПЧИЛ“ ЏОРЏА МЕЛОНИ Италијанската премиерка во шок, Албанците бесни (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама со денови ги полни колумните на локалните и странските медиуми откако се појави шокантно видео на кое се гледа како ја бакнува италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Непримерниот гест на албанскиот премиер на неодамна завршениот самит на европските лидери во Молдавија крена голема прашина.

Во видеото албанскиот премиер Еди Рама ѝ приоѓа на Мелона одзади, по што тој ја фаќа за вратот и силно ја бакнува во образот. Збунетата Џорџа Мелони на почетокот не разбрала што се случува.

– Успеав да го овековечам моментот кога албанскиот премиер Еди Рама ја „нападна“ италијанската премиерка Џорџа Мелони – напиша на Твитер новинарката Анета Захова.

Опозицијата со нож го дочека потегот на Еди Рама и порача дека премиерот на црвениот тепих се однесувал како холивудска ѕвезда.

https://youtu.be/aYF2lNeX0QM

- Рама ја бакна Мелони, но не ги зголеми пензиите. Ние не сме против двајцата премиери да бидат пријатели, туку што има за народот. Што се политичарите? Холивудските ѕвезди треба да се однесуваат така. Не гласате за политичари затоа што се популарни, туку за работа. Главната грижа овде се кликовите. Властите се здружуваат и гледаат кој има најмногу кликови, изјави поранешниот претседател на Демократската партија Љуљзим Баша.

За време на неговата политичка кариера, Рама е познат по неконвенционалното облекување и шокантните потези за време на официјалните средби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk