„Рајанер“ ги отпушти вработените кои се фотографираа како спијат на под на аеродром

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ отпушти шестмина вработени кои минатиот месец беа фотографирани како спијат на под на еден шпански аеродром. Фотографијата се прошири на интернет, а на неа се гледаат шест членови на екипажот како лежат на подот во една канцеларија на аеродромот во Малага.

Од „Рајанер“ тврдат дека станува збор за монтажа, а од синдикатот велат дека работниците ја поминале ноќта на аеродромот, без храна и вода, и дека немале адекватно сместување.

„Екипажот помина кратко време во собата за екипаж, по што беше префрлен во ВИП оддел и во Порто се вратија следниот ден“, рекле од компанијата, додавајќи дека фотографијата ѝ го нарушила угледот на компанијата, а шесте вработени ја нарушиле довербата.

Од „Рајанер“ рекле дека тие добиле отказ поради грубо кршење на правилата.

Португалскиот синдикат подоцна потврди дека работниците биле пренесени во ВИП оддел откако нивниот лет за Порто бил откажан.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари